strumica denes logo

Владо Илиевски со голем гест за младите кошаркари во родната Струмица – Донираше преку 120 дресови!

Автор:

Датум:

ноември 8, 2025

Автор:

Датум:

ноември 8, 2025

Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски долго време е надвор од мак-баскетот, но со голем гест за клуб од родниот град Струмица, покажа дека не заборава од каде потекнува и каде ги направил првите чекори во спортот во кој стана славен.

Имено, кошаркарскиот клуб Ролинг Струмица доби поддршка од легендарниот македонски кошаркар. Со донација од преку 120 дресови, Илиевски ја покажа големата посветеност и љубов кон спортот и заедницата.

Од клубот велат дека оваа донација не само што ќе помогне во опремувањето на клубот, туку и ќе инспирира нови генерации кошаркари да го следат неговиот пример. Оваа опрема ќе овозможи на сите играчи, од најмладите до сениорите, да имаат квалитетни дресови за тренинзи и натпревари.

Квалитетната опрема е важна за мотивацијата на играчите и за создавање на чувство на припадност кон клубот. Со поддршка од спортска личност како Владо Илиевски, клубот добива дополнителна тежина и кредибилитет.