ВЛАДИМИР РИСТОВ: Зошто Костадинов пласираше лажни вести за причините за загадувањето во Струмица?

декември 4, 2023

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Зошто Костадинов пласираше лажни вести за причините за загадувањето во Струмица!

Градоначалникот Костадинов на седница посочи компанија која ја нарече најголем загадувач во Струмица, но во денови кога Струмица беше најзагаден град во Европа, државниот испекторат за животна средина соопштува дека истата компанијата не работела!

Со тоа соопштението на државниот испекторат за животна средина се рушат сите тези на Костадинов и за гупот и загадувањето!

Кој е мотивот на Костидинов да ги манипулира струмичани и лажно да посочува компании како загадувачи! На кои податоци се базираше неговото излагање во советот! Дали им побарал извештај на општински инспекциски служби за изворите на загадување? Колку прекршоци имаат констатирано? Колку налози за инспекциски надзори има издадено кои се под директна надлежност на општината?

Од Костадинов очекуваме да одговори кои се вистинските причини за загадувањето, а ГУП да биде креиран според потребите на граѓаните.

Доста е од популизам и од лажен ПР, доста е поигрување со емоциите на граѓаните! Одговорност мора да има!

Извештајот на инспекторатот на следниот линк 👇
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=659769669680041&id=100069410400559&mibextid=Nif5oz

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ