Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Советниците од СДСМ да одлучат на чија страна ќе застанат по однос на родовите политики!
Под силни притисоци Претседателот на Советот на Општина Струмица, Маријан Даскаловски ја повлече точката за измени на програмата за активностите во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2023.
Минатата седница општина Струмица беше прва општина која им стави крај на сите импутации на родовите политики во стратегијата за млади и спорт. Иако советниците од СДСМ вчера на комисијата ја дадоа поддршката за точката, денес ретерираа во однос на своите ставови, верувам под огромни притисоци и немаа храброст да застанат зад одлуката.
Затоа побаравме нова седница, по деловникот, во рок од 15 дена на која ќе ги гласаме измените во програмата за еднакви можности на мажите и жените, усогласувајќи ја термонологијата со актуелниот закон без родовата перспектива.
Советниците на СДСМ и градоначалникот Костадинов да одлучат дали ќе застанат на страната на вистинските вредности, а тоа се: семејството, иднината на нашите деца, верата во Бог и Црквата и зад сите напори на епископот Јаков да се одбраниме од ова зло, или на страната на родовите активисти предводени од министерката Јована Тренчевска.
Ова го пишувам со голема тага и огорченост, оти знам дека сите гласаа под голем притисок и спротивно на своите убедувања, но тоа не ги ослободува од одговорноста.