Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
КОСТАДИНОВ, ОПШТИНА СТРУМИЦА И КОМУНАЛЕЦ ГИ ОСТАВИЈА СТРУМИЧАНИ БЕЗ ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
Дебакл на политиките на СДСМ во Струмица. Денес ЈКПД Комуналец објави дека водата во Струмица не е за пиење. Во 21 век струмичани се оставени без чиста вода за пиење.
Во период на расипничко трошење на парите на граѓаните од страна на Костадинов кога се купуваат најскапи автобуси во Европа, најскапи клупи и контејнери во државата – Струмица е без чиста вода за пиење.
Дали неколку денови во Струмица се знаело дека водата не е за пиење?
Трагикомични се обвинувањата на Костадинов, кој за цела ситуација го обвинува директорот на Водостопанство, а со АД Водостопанство во Струмица раководи кадар поставен во времето на СДСМ кој денес на прес конференција го обвини Комуналец дека не ги плаќа фактурите према Водостопанство.
СДСМ беа на влас 7 години во Македонија и 20 години во Струмица и не направија чекори за надминување на проблемите со водоснабдување.
Дополнително во овој период ЈПКД Комуналец направи енормен долг од неколку милиони денари кон АД Водостопанство.
Одговорност за ситуацијата со водата во Струмица мора да понесе директно градоначалникот Костадинов.
Потребни се промени во Општина Струмица, веднаш!!