Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Градоначалникот Костадинов како да нема допир со реалноста па побара извинување за според него лагата дека автобусите чинат 7 милиони евра.
Но еве ја реалноста:
‼️Договор за јавна набавка на електирични автобуси, потпишан на 12 март 2024 со архивски број 03-46/1 во вредност од 429.933.595 денари или 7 милиони евра.
‼️Договор за јавна набавка на полначи, потпишан на ден 11 јуни 2024 со архивски број 05-73/1 во вредност од 14.031.970 денари или 228.000 евра.
‼️Договори за авто база (неколку договори) потпишани изминатите месеци во вредност од 200.000 евра.
‼️ЈСП Струмица транспорт, досега, овие неколку години за плати и паушали и тековно работење има потрошено повеќе од 5.000.000 денари.
За да не дозволиме Костадинов да манипулира со јавноста еве го целиот договор за јавна набавка на електрични автобуси во Општина Струмица.
(Договорот се отвара со кликнување на хиперлинкот подолу ⬇️)
https://www.e-nabavki.gov.mk/File/DownloadContractFile…
Што е уште посимптоматично за договорот за автобусите не е разговарано на совет и советот нема одлука за таквото расипништво на Костадинов.
Дополнително граѓаните на Општина Струмица потребно е да ја знаат вистината. Секој може на google да провери колку чини еден електиричен автобус. Цената на автобусите на Костадинов е 700.000 евра за еден автобус, речиси дупло поскапа од просечна цена на далеку поголеми електрични автобуси во Европа.