Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Градоначалникот Костадинов купил клупа од 94.000 денари и жердинара од 106.000 денари
Општина Струмица ги има едни од најскапите клупи во државата платени со општински пари на граѓаните. Костадинов потпишал договор со фирма од Скопје за купување на 39 клупи и 5 жардинерии во вредност од приближно 4 милиони денари.
Костадинов набавил 24 клупи по единечна цена од 94.400 денари по клупа со вклучен ДДВ. Во голема економска криза каде сериозни компании се борат да го заштедат секој денар, менаџментот на општина Струмица плаќа по 1.500 евра за една клупа.
Споредбено со другите општини во Македонија оваа година за клупи како дел од урбана опрема, општините плаќале во просек помеѓу 6000 денари и 15.000 денари. Споредбено со минатите договори за урбана опрема во Струмица, претходните раководства за набака на клупи на плоштадот плаќале цена и до 5 пати поефтина од моменталниот договор.
Оваа година Костадинов набавува 39 клупи по цена од приближно 4.000.000 денари. Со овие пари и домакинско работење можело да се набават 400 клупи, 10 пати повеќе од клупите кои ги има платено општина Струмица.
И кога во некое населено место или урбана заедница Костадинов ќе каже дека нема доволно финасии за да се задоволат потребите на граѓаните, спомнете му дека потпишал договор со кој граѓаните на општина Струмица една клупа ја плаќаат 94.000 денари.
Договорот за јавната набавка на урбана опрема може да го погледнете на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx…