Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Општина Струмица набави 10 автобуси со вкупна вредност од 7 милиони евра или 700.000 евра по автобус.
Автобусите во Струмица ќе бидат со капицитет од 21 седиште и 22 позиции за стоење.
Автобусите се далеку поскапи од сите автобуси во Македонија, а се дупло поскапи од поголеми електрични автобуси ширум Европа.
За споредба еден модел на најновиот електричен Тесла автомобил на Елон Маск во просек чини 60.000 евра или еден автобус во Струмица, набавен од градоначалникот Костадинов, чини како 12 електрични автомобили од моделот Тесла.
Ваквата луксузна набавка на автобуси е преоптеретување на општинскиот буџет, а наместо скапите автобуси можеа да се набават поевтини, а со останатите средства да се прават канализации, водоводи, училишта, игралишта, улици итн.