strumica denes logo

ВЛАДИМИР РИСТОВ: 26 милиони денари за предизборни вработувања во општина Струмица и Јавните претпријатија!

Автор:

Датум:

мај 30, 2024

Автор:

Датум:

мај 30, 2024

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Ниту 26 милиони денари за три месеци за партиски вработувања, неможеа да го спречат изборниот пораз на СДСМ во Струмица со повеќе од 5000 гласа разлика.

Од кварталниот извештај за работењето на Општина Струмица, во преизборниот период, во месеците јануари, февруари, март во 2024 година може да се види дека Костадинов потрошил 26 милиони денари за привремени вработување и договорни услуги.

Споредбено со кварталниот извештај со истиот период во 2023 има зголемување за 16 милиони денари или 65%.

Овие пари наместо Костадинов да ги потроши за потребите на граѓаните во Струмица, да прави улици, тротоари или каналациони мрежи тој ги има потрошено за вработувања и во така превработената администрација, најверојатно за да ги исполни партиски апетите на СДСМ.

Во администрација во струмичките претпријатија има вредни луѓе кои се жалат на ниските примања и нередовните плати, но Костадинов решава да ги задоволува партиските апетите со непотребно пренатрупување на администрацијата.

Општина Струмица и јавните претпријатија се повеќе тонат во долгови, а 330 милиони денари изнесуваат тековните обрски со март 2024 година.

Потребни се промени во Струмица!