Високи цени, слаб квалитет – граѓаните на Струмица си ги знаат потрошувачките права

мај 2, 2018

Од трајноста и исправноста на одредени производи, преку цените па се до несоодветна информираност за одредени кредити и такси и  надоместоци кои се плаќаат , ова се најчестите поплаки кои пристигнуваат од страна на потрошувачите до одделението за услуги на граѓаните во општина Струмица. Од  таму велат дека се повеќе граѓани стануваат свесни за нивните потрошувачки права и затоа реагираат кога сметаат дека истите им се повредени. Од почетокот на годината најголемиот број на поплаки кои пристигнале биле за услугите во земјоделските и фармацевтските аптеки, банките, а во последно бил зголеме и бројот на жалби по однос на извршниите решенија од извршителите.

– Во последниот период се зголемени барањата за заштита на правата од страна на извршните решенија од извршителите. Имаме десет барања од таа сфера.  Пет барања се за неуедначени цени на производи во земјоделски аптеки и фармацевтските аптеки. Тоа значи дека еден ист производ од ист производител во различни аптеки има различна цена што кај граѓаните предизвикува одредени трауми и губење време. Три барања се од сферата на банкарските услуги, вели Георге Манушев

Од  одделението за заштта на потрошувачите во општина Струмица велат дека нивната улога е само советодавна, но апелираат до граѓаните доколку потрошувачките  права се нарушени да им се обратат и ќе  бидат  упатени   до  надлежните  инспекции  како што се пазаришната инспекција, државниот земјоделски инспектпрат , а доколку се работи за извршни решенија тогаш и до народниот правобранител.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ