ВИКЕНДОВ СО СКРАТЕНИ ПОЛИЦИСКИ ЧАСОВИ: Комисијата за заразни болести предлага од 19 до 5 часот наутро!

мај 8, 2020

Полицискиот час викендов да почнува од 19 часот и да трае до 5 часот наутро следниот ден, предлага Комисијата за заразни болести.

Како што информира министерот Венко Филипче, на денешниот состанок на Комисијата била донесена оваа одлука и таа денеска ќе биде разгледувана на владината седница која почнува во 16 часот.

– Во однос на олабавување на мерките кои ќе се предложат од понеделник, останува да се следи ситуацијата овие денови по што ќе излеземе со мерки, рече Филипче.

Вкупно дијагностицирани со коронавирус во Македонија од почетокот на епидемијата има 1.586, од кои оздравени 1.099, починати се 90, а во моментов активни 397.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ