Викарен Епископ Јаков Стобиски
Нема Богопознание, драги мои, надвор од Црквата и од нејзината Света Литургија. Не смееме да се залажуваме дека независно од Црквата и надвор од неа, само во своите домови, можеме да водиме побожен живот.
Светот не може, т.е не сака да ја прими таа вистина и никогаш нема да ја прими, до крајот на векот. Но, ние сме должни со цврстината на нашата вера и со надежта во Воскресението да го љубиме овој свет и да се молиме за него на секоја Света Литургија, бидејќи Бог го создал и да му ја објавуваме нашата радост додека Тој повторно не дојде.