Православните христијани во Македонија денеска го слават празникот Богојавление – Водици. Во храмовите на Македонската Православна Црква се одржуваат литургии, а денеска традиционално се фрла крстот во македонските реки, езера и водни површини.
Оваа година во Струмица Отец Мите фрли два крста во водите на „Аквариус“. Најпрвин беше фрлен еден, но откако пријавените не можеа да го најдат беше фрлен и втор. Вториот крст го фати Божинов Атанас, а останатите не се согласија со тоа па продолжија да го бараат првиот крст. По кратко време беше пронајден и првиот од Иле Неделков. Честитки!
https://www.facebook.com/strumicadenes/videos/342968589635520/?t=1