Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов одигра феноменален натпревар за Хајдук Сплит во рамки на Купот на Хрватска и двапати се запиша во листата на стрелците.
Сплитските „били“ на гостински терен ја надиграа Локомотива Загреб (3-6), со фешта во второто полувреме. Атанасов двапати погоди во вториот дел, првиот гол го даде во 51. минута за предност од 1-2 и тоа на магичен начин откосо, а потоа во листата на стрелците се запиша и во 66. минута за предност од 2-5 со една бомба од далечина.
Кликни овде за видеото: https://tiger.cdnja.co/v/jq/jqwre.mp4