(ВИДЕО) Средношколци од Струмица донираа постелнина наменета за детското одделение во струмичката болница!

декември 16, 2021

Средношколците од текстилната струка во училиштето Никола Карев од Струмица предновогодишно во хуманитарна мисија. Часовите по практична настава ги користат за изработка и шиење на постелнина наменета за детското одделение во струмичката болница. Ова не е прва ваква акција на овие ученици, за болницата шијат по трет пат – објави СИТЕЛ.

Во нивната хумана мисија средношколците поддршка добиваат и повеќе општествено одговорни компании кои им ги обезбедиле дел од материјалите. Нивните професори велат дека преку ваквиот начин на работа учениците во исто време стекнуваат практични знаења, а ја развиваат и нивната општествена одговорност.

Оригиналната вест може да ја погледнете со кликнување на СИТЕЛ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ