(ВИДЕО) Со вечерни инспекции Струмица ќе се бори со дивите депонии!

декември 21, 2021

Струмица воведе двосменско работење на комуналната инспекција. Ова е само еден од чекорите кои локалната самоуправа ги презеде за да ја спречи појавата на дивите депонии кои со години се еден од најгорливите проблеми во општината. Ваквата одлука е донесена врз основа на анализите кои покажале дека одлагањето на сметот на несоодветни места се прави токму во доцните попладневни и вечерни часови, период кој до сега не беше покриен со надзор од овластени лица.

Од Јавното комунално претпријатие Комуналец кои во изминатите 11 месеци на територијата на општина Струмица исчистиле 92 диви депонии велат дека новиот начин на работа веќе почнал да дава ги дава првите ефекти. Зачестените контроли  во вечерните часови резултирале и со откривање на неколку граѓани кои се обиделе отпадот да го фрлат на места што не се таа намена.

ЦЕЛОСНАТА ВЕСТ МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://sitel.com.mk/so-vecherni-inspekcii-strumica-kje-se-bori-so-divite-deponii

ИЗВОР: СИТЕЛ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: