Русија вчера го лансираше своето прво вселенско летало за слетување на Месечината по 47 години, во обид да биде првата сила што ќе изврши меко слетување на јужниот пол на Месечината, регион за кој се верува дека содржи џебови со воден мраз.
Ракетата „Сојуз 2.1v“ што го носи вселенското летало „Луна-25“ беше лансирана од космодромот „Восточни“ на 5.550 километри источно од Москва во 2:11 часот по московско време. Лендерот треба да слета на Месечината на 23 август, објави руската вселенска агенција.
Руската лунарна мисија, прва од 1976 година, се натпреварува со Индија, која минатиот месец го испрати својот лунарен лендер Чандрајаан-3, и со САД и Кина, земји со напредни програми за истражување на Месечината.
Со векови, астрономите се прашувале за вода на Месечината, природниот сателит на Земјата, која е 100 пати посува од пустината Сахара. Мапите на НАСА во 2018 година покажаа воден мраз во делови на Месечината во сенка, а во 2020 година НАСА го потврди постоењето на вода во областите осветлени од сонцето.