strumica denes logo

ВИДЕО РЕЦЕПТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“: Бурито со туна

Автор:

Датум:

август 4, 2023

Автор:

Датум:

август 4, 2023

Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!

Потребни состојки:

– тортиљи 🫔
– туна
– мексиканска мешавина: црвен грав 🫘 и пченка 🌽
– кромид 🧅
– домат 🍅
– маслинки 🫒
– кашкавал 🧀
– сол, црн пипер, оригано 🧂
– чили сос

За намаз:
– жолчка од јајце 🥚
– лук 🧄
– сенф
– масло
– црн пипер 🧂
– лимон 🍋

Начин на подготовка:

Намаз:
🥚 Во блендер ставете ја жолчката од јајцето со лукот и почнете со блендирање.
🍋 Постепено додадете ги сокот од лимон, сенфот, маслото и зачините.
Сосот е готов кога ќе добие убава густа структура.

🥣 Во длабок сад измешајте ги заедно туната со мексиканската мешавина, кромидот и маслинките. Додадете оригано и црн пипер.

🌯 Тортиљите премачкајте ги прво со сосот, додадете од смесата со туна, сецкани домати, рендан кашкавал, оригано, чили сос и замотајте.
🕝 Вака замотани потпечете ги на тава од двете страни и сервирајте.

Видео: