(ВИДЕО) „ПОД КУЛИТЕ НА СТРУМИЦА“ ДОБИ ПРЕКРАСНА ПРЕРАБОТКА ОД ДАЦ И АЛЕКСАНДАР: ОВА Е ПОДАРОК ЗА СИТЕ СТРУМИЧАНИ, СО ОВАА ПЕСНА ЌЕ ГО БОДРИМЕ ГОРАН ПАНДЕВ!

јуни 17, 2021

Химната на Струмица доби нова преработка. Александар и Дац денеска ја промовираа легендарната „ПОД КУЛИТЕ НА СТРУМИЦА“ и ја посветија на нашиот ѕвезден град, испеана од срце и душа.

„Денес во “ново руво” ја промовираме легендарната струмичка песна “Под кулите на Струмица” и ја посветуваме на градот Струмица, испеана од срце и душа ❤️
Оваа музичка и видео разгледница е убава приказна во која се испреплетуваат љубовта, традицијата, носталгијата и убавините на денешна Струмица. Благодарност до Општината која го помогна овој проект, нашиот специјален гостин, легендата на народната песна Перо Христов и градскиот состав “Распеани струмичани” ❤️❤️❤️

П.С. Нека е ова подарок од сите нас за сите струмичани и сите оние кои ја сакаат Струмица. Денес го честитаме и 70-тиот роденден на нашиот Перо Христов, а со оваа песна ќе го бодриме струмичанецот ⚽ Горан Пандев ⚽ и целата македонска фудбалска репрезентација во нов голем подвиг“ – напишаа тие на нивниот официјален фејсбук профил.

Во продолжение слушнете ја:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ