(ВИДЕО) НЕПИСМЕНОСТА Е ПОЛОШ ВИРУС, ПОРАЧАА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ДЕНЕСКА ОД СТРУМИЦА!

август 29, 2020

Назад во клупи, неписменоста е полош вирус, ова беа само дел од пораките кои попладнево ги испратија струмичките средношколци до надлежните. Преку мирен протест го искажаа нивното незадоволство од одлуката за онлајн настава и побараат враќање на физичкото присуство во училиштата. Според нив вистинскиот проблем ќе настане кога младите ќе ја изгубат вербата во образовниот систем.

„Бараме да се вратиме назад на настава бидејќи сите знаеме колку онлајн наставата е ефикасна и колку секој од нас го поседува потребниот електронски уред за функционирање со истата. Затоа ова е повик до надлежните да го слушнат нашиот глас и да го слушнат нашето мислење,бидејќи во спротивно ќе ја убијат желбата за напредок и ќе ни ја закопаат иднината со тоа“, рече Катерина Гонева, средношколец.

„Сметам дека треба да се оди на училиште бидејќи моќта на образованието е неоспорна и можете да го извлечете најдоброто од него ако навистина сакате. Ние како човечки суштества не можеме да ја достигнеме крајната цел се додека сме необразовани. Можеме да создадеме подобра иднина само преку квалитетно образование“,вели Мирјана Коцева, средношколец.

За средношколците од Струмица прифатлив ќе биде и моделот на комбинирана настава, но никако не прифаќаат само онлајн учење. Доколку не се слушне нивниот глас и не бидат прифатени предлозите најавуваат дека ќе продолжат со протести.

ИЗВОР: СИТЕЛ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: