ВИДЕО: На улиците на Њујорк се враќаат полициските роботи-кучиња

април 15, 2023

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, претстави робот-куче, кој повторно ќе и се приклучи на њујоршката полиција.

Полицијата во 2021 година, после противењето на јавноста, ги откажа плановите за воведување во служба на робот-куче Digidog, меѓутоа градоначалникот на Њујорк издаде наредба дека роботот сепак може да се користи во опасни ситуации.

Њујоршката полиција ќе купи два роботи за 750.000 долари и ќе ги користи само во кризни ситуации, како на пример, кога ќе има заложничка криза.

“Верувам дека технологијата стигна меѓу нас и дека не треба да се плашиме. Неколку гласноговорници се противела на тоа и ние направивме чекор наназад, но тоа не е начинот на кој јас функвионирам. Јас го правам она што е најдобро за градот” порача Адамс.

Робот-куче Spot/Digidog е производ на компанијата Boston Dynamics, во сопственост на Hyundai и е дизајниран за употреба во опасни ситуации кои вклучуваат безбедност и инспекција. Француската војска го тестираше и во борба, примарно за извидување.

Претходниот пат полицијата на Њујорк го користеше за собирање на информации за наоружени лица кои се забарикадирани во објект, а во друга ситуација го користеле за инспекција на куќи.

Освен Digidog, полицијата најави тестирање на уште два типа роботи за безбедносна и надзорна технологија – Guardian HX на компанијата StarChas и K5 ASR на компанијата Knightscope.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ