(ВИДЕО) Елон Маск објави снимка од самостојно движење на роботот Optimus!

март 1, 2024

Основачот и Извршен директор на Tesla, Елон Маск објави видео на кое е прикажан робот наречен Optimus, кој може да се движи самостојно.
Маск се појави на својата социјална мрежа X за да го сподели клипот со своите многубројни следбеници. На видеото се гледа како хуманоидниот робот Optimus се шета низ лабораторијата.

Американскиот бизнисмен го опиша видеото како „Optimus strolling around the lab“ (Оптимус шета низ лабораторијата) и брзо собра милиони прегледи.

Во видеото кое трае една минута и 18 секунди. Optimus може да се види како сам оди без никаква помош, а за прв пат јавноста можеше да го види и како врти лево-десно додека оди.

Тоа е приказ на напредокот во движењето на роботите што досега не бил демонстриран.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ