strumica denes logo

(ВИДЕО) Ели Панова: Вчера и денес родителите наидоа на заклучени врати на градинките за родителите кои доцнат и оние кои доаѓаат порано да си ги земат децата!

Автор:

Датум:

ноември 8, 2019

Автор:

Датум:

ноември 8, 2019

https://www.facebook.com/vmroaleksandardonev/videos/444931553069371/?t=1

Почитувани,

Како Советник во Советот на Општина Струмица и како родител се обраќам во име на незадоволството на повеќе родители од Струмица поради одредени тековни случувања во процесот на образованието и предучилишната возраст.

Во Струмица Вчера и денес, родителите и старателите се соочија со фамозната Одлука прикачена на влезот на Јавната Општинска Установа за деца Детска градинка Детска Радост и сите клонови, потпишана од Директорот, по укажување на Градоначалникот! според која: ,,се воведува ред во времето на оставање и земањето на децата во градинките “.

Заклучени врати на градинките за родителите кои доцнат и оние кои доаѓат порано од 16 часот да си ги земат децата.

Најнапред, никој родител нема против да се воведе ред во работата на градинките. Произволно однесување на родителите не одобрува никој, но сепак, воведувањето ред е проблем и работа на управата и персоналот.
А градинките и грижата за децата треба да бидат усогласени со потребата и можноста на родителите во повеќе поединечни случаи.

Затоа, како Советник прашувам како тоа наведената Одлука е донесена врз основа на Правилник за стандардите и нормативи и програма за работа и, врз основа на друга Одлука за работно време во чиј текст не можам да најдам такви ограничувања.
Вакво ограничување никако нема и во Законот за заштита на децата..

Понатаму, во рамките на ова обраќање ја отварам дилемата и незадоволството создадена од извиканиот проект Здрав оброк за секое дете. Потенцирам извикан’ бидејќи сите очекувавме вистински оброк за секое дете. Наместо тоа децата во основните училишта секој ден добиват по една неспецифицирана јаболка.
Да не зборуваме за фактот дека децата треба сами да ја измијат и да ја јадат нелупена.
И секој ден – јаболка.
Иронично човек да помисли дека власта има некој посебен респект кон овој продукт, ама видовме како поминаа производителите на јаболка и оваа година.

Затоа, наместо закани, заклучени врати и медиумска промоција со големи зборови , зафатете се со вистинска работа: обезбедете вистински здрав оброк за секое дете во основните училишта, во градинките подобрете ја хигиената, храната, обезбедете кутии за прва помош, обезбедете повеќе персонал или направете реорганизација на постојниот но, направете вистинско подобрување на грижата за децата во Општина Струмица.

Ви благодарам !