(ВИДЕО) АЛСАТ: СЕКСУАЛНА РАБОТНИЧКА ОД СТРУМИЦА ОТВОРЕНО ЗА „360°“

април 11, 2019

ИЗВОР: АЛСАТ

Сексуална работа, која е незаконска, има во сите градови. Но, само во Струмица најдовме жена која заработува на овој начин и која отворено агитира за промени. Моника Тасевска е самохрана мајка. Професијата доброволно ја избрала.

„Мислам дека со самата моја борба, барем околината во која што живеам, ја освестувам дека дискриминацијата што ја прават е неправедна. Дека и јас сум дел од таа околина, моето дете е дел од таа околина, дека ние тука припаѓаме и дека не сум ништо поразлична од нив”, истакнува Моника.

Тасевска аргументира дека сексуалната работа не може да се искорени. Поради тоа, заедно со првиот колектив на сексуални работници во земјава, активно се залага за нивните права.

ВИДЕОТО ОД ЕМИСИЈАТА 360° НА АЛСАТ ТЕЛЕВИЗИЈА МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ