ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Расте факторот на преносливост на корона вирусот, ќе има промена на стабилната состојба!

ноември 10, 2021

Епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новодијагностицираните случаи на ковид-19 во периодот сега за разлика од периодот од пред две недели. Анализите покуваат дека процентот на заразени е зголемен за 25%. Расте и факторот на преносливост што е јасен индикатор дека ќе има промена на релативно стабилната ситуација во претходниот долг период, рече денска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче вели дека ваквиот раст може да се каже дека е очекуван имајќи ја предвид ситуацијата во земјите во регионот, Бугарија со речиси 5.000 корона случаи вчера, Грција 8.600, Србија 5.060…

Во однос на хоспитализацијата бројот на хоспитализирани бележи раст за 15% минатата недела на територијата на целата држава.

Во однос на корона состојбата кај деца на територијата на целата земја има 1.068 активни корона случаи кај малолетната популација до 18 години.

-Во Институт за белодробни заболувања Козле има хоспитализирано 23 деца, две деца се на кислородна поддршка, но нема дете во критична состојба, информираше Филипче.

Министерот најави и дека се преговара за набавка на ативирусниот лек од компанијата „Мерк“ и повторно апелираше до граѓаните да се вакцинираат.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: