ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Од октомври сертификатот за вакцинација ќе важи само за целосно вакцинирани со две дози!

септември 18, 2021

Од октомври сертификатот за вакцинација ќе важи само за целосно вакцинирани со две дози, односно ќе се издава само откако едно лице ќе биде целосно вакцинирано, а не како што е во моментов, кога тој може да се користи и само со една примена доза.

Ова го најави министерот Венко Филипче, додавајќи дека тоа е една од мерките, која сигурно ќе се препорача.

– Исто така ќе оставиме доволно време да помине, е потребата да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина тоа ќе прерасне во потврда за целосно вакцинирани граѓани. Тоа ќе биде некаде во октомври, рече Филипче.

Дали ќе има и нови мерки, ќе зависи од анализата што во моментов ја подготвува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и треба да биде готова во сабота. Таа треба детално да покаже каква е состојбата со бројот на новодијагностицирани случаи односно градовите каде се дијагностицирани, возрасните групи, опфатот на вакцинација во тие региони…

Вакцинацијата, оценува Филипче, се одвива добро иако во последните денови се бележи пад на интересот. За разлика од претходно, кога беа најавени и воведени мерките кога имаше во просек по 7-8 000 граѓани што се вакцинираа со прва доза, сега дневно прва доза примаат по околу 2 000 граѓани. Во моментов бројот на вакцинирани барем со една доза изнесува 767 000 граѓани од кои 667 000 се ревакцинирани. Пресметано во проценти, тоа значи дека од вкупното население над 18 години вакцинирано е 46 отсто додека од целокупната популација (со оние под 18 години) вакцинирани се 37 отсто од граѓани.

Ова, смета Филипче, е мал опфат и е потребен многу поголем процес за да стигнеме до колективен имунитет и да ја смениме сликата со епидемијата. Во моментов, нагласува министерот, вирусот се шири меѓу невакцинираните.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: