Home

Perdormire
Здравје Струмица

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Министерството за здравство ќе го набави Молнупиравир – единствениот лек против Ковид-19 !

Home

Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи соопшти дека стапиле во контакт со производителот МСД за набавка на Молнупиравир, единствениот лек против Ковид-19.

-Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%. Лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат. Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Вирусот Ковид 19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2, напиша Филипче на Фејсбук.