ВЕЧЕРВА: Затворање на СОФ со Дани, Александра и Васил!

септември 3, 2020

Вечерва завршува дваесетдневната културно-уметничка, спортска и музичка манифестација Струмица ОПЕН фестивал.

Фестивалот ќе биде затворен со концерт на Дани Димитровска и пријателите од 22:00 часот во градскиот парк кај Езерцето.

Дани ја паметиме како изведувачот кој го отвори првиот СОФ во 2012 година, но и по нејзините енергични настапи.

Девет години потоа, во градскиот парк креираме една многу поинаква приказна на која учество ќе земат и специјални гости.

Вечерва, на сцената ќе и се приклучат нејзините колеги и пријатели Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: