strumica denes logo

Вечерва започнува Струмица Опен Фестивал!

Автор:

Датум:

јули 25, 2022

Категории:

Настан, Струмица

Автор:

Датум:

јули 25, 2022

Категории:

Настан, Струмица

Вечерва, 25.07 со почеток во 20 часот во малиот градски парк во Струмица стартува 11 то издание на Струмица Опен Фестивал 2022 кој ќе се реализира до 19 август.

Првиот настан од 17 дневната програма на Струмица Опен Фест на кој ќе се реализираат вкупно 20 настани ќе биде концертот на македонски шлагери и евергрини.

Концерт на македонски шлагери со Љубомир Митровски –вокал, Денис Кирчанов – бас гитара, Игор на тапани и Даме саксофон.

Ќе прозвучат најдобрите стари македонски песни што оставија особен белег низ годините, кои и денеска се едни од најобожуваните меѓу нас.

Ќе биде неповторливо уживање со македонските шлагери кои за секој од нас имаат посебно значење,

Докажаните струмички музичари ќе ги стоплат срцата на сите струмичани со песни полни со емоции кои се вистински мелем за сечија душа !