Вечерва во Струмица прославен Денот на пријателството помеѓу РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и ИТАЛИЈА!

јуни 3, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Ми беше чест што тоа се случи во нашата Струмица, бидејќи ретко кој град во земјава, негува мноштво чудесни врски со Италија, а општина Струмица, низа години наназад, има извонредна соработка со италијанската амбасада во нашава земја.

Пријателството значи приврзаност, меѓусебна наклонетост, разбирање, искреност, сочувствителност, срдечност и уште многу други нешта, а токму тие нешта се вистински одраз за македонско-италијанските односи.Нас не поврзуваат песните, виното, храната, културното наследство, отвореноста и менталитетот, па и покрај суштинските разлики на тие нешта, сепак постои сродност која е засилувач на пријателството меѓу нашите земји и народи.

Да ни е вечно пријателството!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: