Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во големата сала на Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одржи конвенцијата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за претстојните локални избори 2025 година.
На конвенцијата ќе биде претставена визијата и програмските определби за идниот развој на Општина Струмица. Како што велат организаторите, настанот е отворен за јавноста и претставува можност граѓаните директно да се запознаат со насоките и целите кои ги предлага СДСМ во рамки на својата изборна програма.
Организаторите ги покануваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на конвенцијата.