ВЕЧЕРВА ЌЕ УЖИВАМЕ ВО НЕБЕСНИОТ ФЕНОМЕН – ПО 1.000 ГОДИНИ ЌЕ СЕ СЛУЧИ НАЈДОЛГОТО ДЕЛУМНО ЗАТЕМНУВАЊЕ НА МЕСЕЧИНАТА!

ноември 19, 2021

Делумното затемнување на Месечината на 19 ноември 2021 година ќе биде најдолгиот таков настан во рамките на 1.000 години.

Овонеделното затемнување на Месечината е малку помалку од целосно затемнување со 97,4 отсто од дијаметарот на Месечината покриен со Земјината сенка. Само најјужниот раб ќе остане недопрен од сенката.

Месечината всушност ќе изгледа малку црвена за време на затемнувањето на Месечината поради процесот познат како Рајлиево расејување.

„Истиот феномен што го прави нашето небо сино и нашите зајдисонца црвени предизвикуваат Месечината да стане црвена за време на затемнувањето на Месечината. Светлината патува во бранови, а различните бои на светлината имаат различни физички својства. Сината светлина има пократка бранова должина и полесно се расфрла со честички во атмосферата на Земјата отколку црвената светлина, која има подолга бранова должина“, објаснува НАСА на својата веб-страница.

Следниот пат кога Земјата ќе види делумно затемнување на Месечината долго како овој месец ќе биде на 8 февруари 2669 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ