ВЧЕРА ВО СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПРИЈАВЕНИ ТРИ ТЕПАЧКИ!

август 6, 2021

На 05.08.2021 година во 22.00 часот во Полициска станица Струмица, С.Н.(23) од с.Радово, струмичко, пријавила дека околу 20.00 часот во село Радово била физички нападната од О.Н., Т.Н. и В.Н.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.08.2021 година во 23.10 часот во Полициска станица Струмица, Ј.Д.(22) од с.Градашорци, струмичко, пријавил дека околу 23.00 часот на бензинска станица во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.08.2021 година во 03.50 часот во Полициска станица Струмица, В.К.(36) од Струмица пријавила дека околу 03.30 часот во угостителски објект во Струмица била физички нападната од В.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ