ВЧЕРА ВО СТРУМИЦА ПОЛИЦИЈАТА КАЗНИЛА 86 ВОЗАЧИ КОИ ВОЗЕЛЕ ПОВЕЌЕ ОД ДОЗВОЛЕНОТО!

септември 9, 2021

На 08.09.2021 година во периодот од 08.00 до 16.00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 86 прекршоци, од кои 2 возачи управувале возилo со брзина поголема од 50 км/ч од дозволеното, а 30 возачи управувале со брзина помеѓу 30 и 50 км/ч поголема од дозволената. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ