УТРЕ ОД 11:00 ЧАСОТ ДО 13:00 ЧАСОТ „КУЛТУРА ИЛИ ФИСКУЛТУРА“ ЌЕ ЈА БЛОКИРААТ РАСКРСНИЦАТА ПРЕД СОБРАНИЕТО ВО СТРУМИЦА КАКО ЧИН НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПАРТИЗАЦИЈАТА!

Иницијативниот одбор на иницијативата “Култура или Фискултура” ја известува струмичката јавност и нашите подржувачи, дека утре среда 16.06.2021г. од 11час. до 13 час. ќе ја блокира раскрсницата пред
Собранието на општина Струмица, како чин на протест против партизацијата, фаворизацијата и некомпентенцијата за назначување на несоодветен кадар за генерален директор на НУЦК “Антон Панов” Струмица ( наставик по фискултура) од страна на Министерството за култура на Р. Македонија.

Воедно со оваа соопштение им се извинуваме на сите нашите сограѓани, дека утре во утврденото време од 11-13 час. нема да можат да ја користат таа улица (раскрсница), но тоа го правиме заради решавање на нашите проблеми и враќање на културата на нивото на кое припаѓа.
Со почит,

Култура или Фискултура

Автор:

Датум:

јуни 15, 2021

Категории:

Струмица