Во пресрет на празникот на селото Иловица на 14 мај, ќе се одржат традиционалните фолклорни средби св.Атанасиј 2024, во организација на КУД Кирил и Методиј од с.Иловица.
Покрај домаќините, програмата ќе биде збогатена со учество на Ф.А Китка-Истибања, КУД Конче-Конче,Ф.А Злевски бисери-Злеово,КУД Јане Сандански-Ново Село. Предвидена е и богата музичка програма со естрадните уметници Перо Христов, Силвана Накова, Игор Ангелов, Јане Крстев, Кристијан Косев и ВИС ОПУС.
Програмата ќе започне во 19:00 часот на плоштадот во с.Иловица!