УШТЕ ЕДНО НОВОРОДЕНЧЕ СТАРО 10 ДЕНА ПОЧИНА ВО МАКЕДОНИЈА, МАЈКАТА ЈА ОБВИНУВА БОЛНИЦАТА ЗА НЕГРИЖА!

ноември 13, 2023

Новорoденче од Прилеп починало од сепса на Детската клиника во Скопје, потврди директорката на клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ. Таа информира дека новороденчето е донесено од Прилеп на Детската клиника во тешка состојба, со ирегуларно дишење, било згрижено на интензивна нега,а потоа било ставено и на механичка вентилација.

-Според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува првите четири дена и најчесто, инфекцијата настанува при самото раѓање. Дали е предвремено прснат воденик, дали е од родилните патишта, тука може да се шпекулира, немаме такви податоци. Меѓутоа, кога е донесено на клиниката, веќе има јасни клинички биохемиски знаци за рана неонатална сепса, појасни директорката на Детската клиника.

Таа објаснува дека жолтицата е физиолошка појава кај бебињата. Педесет отсто, вели, од бебињата имаат жолтица и таа е најчесто во физиолошки граници.

Мајката на бебето Лиле Петровиќ на социјалните мрежи ги сподели случувањата по породувањето, информирајќи дека во прилепската болница персоналот и рекол дека бебето ќе биде третирано со зрачење заради жолтица, но потоа било препратено во Скопје.

-Ова е уште еден доказ како функционира македонското здравство. Ужас е преблаг збор да се опише моменталната состојба. Целиот персонал кој ме породуваше во Прилеп знаат дека родив здраво машко дете, напиша на фејсбук мајката на новороденчето.

Таа тврди дека после породувањето била префрлена во болничката соба, а детето и било земено за испитувања на кои ѝ било потврдено дека сé е во ред. По два дена ѝ било кажано дека ќе го носат на зрачење од бебешка жолтица 6 часа, а после тие 6 часа била известена дека бебето ќе биде зрачено уште 6 часа. Според тврдењето на мајката утрото ѝ било кажано дека бебето ќе биде испратено во Скопје поради жолтицата, но дека не е ништо страшно.

-На Клиниката за детски болести ми кажаа дека е инфекција, а по два дена испитувања дека детето фатило тешка сепса и дека како такво било донесено од Прилеп. Детето ми го лечеа во скопската клиника една недела но за жал не успеа да ја надмине болеста која му беше наследена од болничката негрижа на сестрите и докторите кои ги нема. Кога отидов во болницата да прашам кој ќе ја сноси одговорноста за моето дете излегоа докторката и сестрата која беше на смена таа вечер и без никаков срам ми одговорија „се чудиме и ние“. Уште колку деца на душа ќе земете? Зошто криевте? Што му направивте?, напиша мајката на починатото новороденче на нејзиниот фејсбук профил.

Од Болницата во Прилеп потврдија дека новороденчето се родило во добра здравствена состојба, но потоа се влошувала – имало потешкотии со дишењето, земена била крв за анализа, поставена инфузиона, двојна антибиотска терапија. Сепак, по консултација со лекар од Клиниката за детски болести бебето било транспортирано на Детската клиника во Скопје.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ