Уште еден продолжен викенд, трет за месец дена

април 27, 2023

Трет продолжен викенд им претстои на граѓаните на Македонија во изминатите месец дена, а овој пат е по повод Денот на трудот.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 мај 2023 година (понеделник), Ден на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ