strumica denes logo

УКРАДЕНИ ЗЕЈТИН, БРАШНО, СОЛ, СИРЕЊЕ, ОРИЗ, ШЕЌЕР И ЗДЕНКИ ОД ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ВЕЛЕС!

Автор:

Датум:

март 15, 2022

Автор:

Датум:

март 15, 2022

Во текот на изминатиот викенд во шестиот клон на градинката „Димче Мирчев“ од Велес, била извршена кражба од главната кујна која ги снабдува сите единици во градот со вкупно 1.200 дечиња.

Крадците ги одзеле сите залихи на шеќер, зејтин, брашно и сол од градинката која се наоѓа од левата страна на градот на десетина метри од градскиот пазар.

Според информациите станува збор за 100 килограми брашно, 10 пакети зејтин, сол, шеќер, сирење, а штетата се проценува околу 50 илјади денари.

Се очекува СВР Велес по извршениот увид да излезе со конкретни информации која вечер точно се случил грабежот и што точно е украдено затоа што градинката не работи за викенд.