До недела времето ќе се задржи стабилно, со свежи ноќи. Дневните температури ќе се покачат но ќе бидат во рамките на просечните за овој дел од годината. Во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дож и грмежи.
Температурите во Струмица ќе се движат од 13 до 29 степени целзиусови.