УХМР СО НАЈАВА НА НОВ ВЛАЖЕН БРАН: ЕВЕ КАКВО ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО ДЕНЕС!

ноември 17, 2023

Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20л/м2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ