Угостителски услуги во Македонија во септември поскапи за 6,2 отсто во споредба со истиот месец лани!

октомври 7, 2023

Цените на угостителските услуги во септември годинава, во однос на истиот месец лани, се зголемени за 6.2 %, соопшти Државниот завод за статистика

Угостителските услуги во септември во споредба со август 2023 година, поскапеле за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1 % и Алкохолни пијалаци за 0.3 %.

Во периодот јануари – септември годинава, пак, во однос на истиот период лани, цените на угостителските услуги се зголемени за 11.1 %, а во споредба со декември 2022 година растот изнесува 3.7 %.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ