strumica denes logo

Ученици донираа книги за детскиот Оддел за педијатрија во струмичката болница!

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

Учениците од 7-б одделение во општинското основно училиште „Мануш Турновски“ во Ново Село, Струмичко, заедно со нивната класна раководителка Елена Божинова, минатата недела донираа книги и сликовници за Одделот за педијатрија при Медицинскиот центар во Струмица. Како што велат, целта на акцијата била во рамките на Детската недела, со цел да им го направат престојот на болните дечиња попријатен, а наедно и да ја покажат својата хуманост.