Учениците од ООУ „Никола Вапцаров“ постигнаа одлични резултати на ноќните крос трки

октомври 16, 2018

На традиционалните ноќни крос трки кои што се одржаа по повод Денот на востанието на Македонија и Денот на борецот, учениците од основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ кои што се натпреваруваа во повеќе категории, постигнаа одлични резултати. Прво место освоија учениците Верица Чолевска VI-2, Марија Германлиева VII-4 и Панче Петров IX-1, второто место им припадна на Викторија ТрајковаVI-1, Гоце Полизовски VI-1, Бранка Божинова VII-1 и Глигор Манчев VII-4, а трети беа Симона Кирова VI-2, Филип Киров VI-3, Теа Зетова VII-1, Росана Павлова IX-3 и Мартина Николова IX-3 одделение. Освоените места им ги честиташе директорот на училиштето, поттикнувајќи ги сите ученици на поголеми спортски активности.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ