Home

Perdormire
Струмица

УЧЕНИЦИ НА СОУУД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ПОСЕТУВААТ ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО САНДАНСКИ ВО КОМПАНИИ КОИ ПРОИЗВЕДУВААТ ЗДРАВА ХРАНА!

Home

Четиринаесет ученици од СОУУД “Димитар Влахов” од Струмица посетуваат практична настава во Сандански, Република Бугарија, како главна активност од проектот финансиран од Европската Унија, во склоп на Еразмус + програмата.

„Ова е втор Еразмус+ проект во кој остваруваме успешна соработка со партнерската организација Ивемлајф. Учениците поминуваат две седмици во реална работна средина, во современи компании кои произведуваат био-храна, која е здрава, вкусна и секогаш високо ценета на пазарот. Идејата е учениците да се стекнат со знаења и вештини кои ќе ги направат конкурентни на европскиот пазар на трудот, да ја зголемат својата самодоверба и да ги искористат придобивките кои ги нуди стручното образование“ – изјавија од училиштето за Струмица Денес.