УБАВИ ВЕСТИ: СТРУМИЦА ЌЕ ДОБИЕ НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА!

јули 2, 2019

Струмица потврдува дека е Општина за сите. Најмладите ќе добијат ново катче за престој, а нивните родители решавање на проблемот со згрижување на нивните деца додека се на работа. Општина Струмица аплицираше и доби грант од Министерството за труд и социјална политика за изградба на нова детска градинка во поранешната касарна. Градинката ќе биде изградена по најсовремени стандарди за престој на деца од предучилишна возраст, а ќе може да прифати 250 деца. Со ова ќе се надмине проблемот со прекубројност на децата во групите во клоновите на градинката „Детска радост“, со што ќе се подобрат условите за престој и ќе се обезбеди правилен раст и развој на дечињата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ