strumica denes logo

УБАВИ ДЕНОВИ ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА – ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ПОТПИША ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ, ПОСТОЈАТ САМО МАЈКА И ТАТКО!

Автор:

Датум:

април 8, 2025

Автор:

Датум:

април 8, 2025

Претседателката на државата, проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова, денес ги потпиша измените на Законот за основно образование и Законот за учебници за основно и средно образование. Со ова, според здружението Родителски Фронт, се направи важен чекор во насока на „почитување на уставните вредности и заштита на децата од родовата идеологија“.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во измените, поимите „род“ и „родов идентитет“, кои не се дефинирани како уставна категорија, се заменети со формулацијата „рамноправност меѓу жените и мажите“, што е во согласност со основниот акт на државата.

„Потпишувањето на овие закони претставува јасен сигнал дека уставните норми и вредности не се предмет на компромис. Станува збор за заштита на темелите на нашето образование, идентитет и систем“, порачуваат од Родителски Фронт, поздравувајќи го потегот на Претседателката.

Инаку, измените беа изгласани во Собранието на 1 април, при што „за“ гласаа 65 пратеници, додека „против“ се изјаснија 8.

„Им благодариме на пратениците кои го поддржаа овој важен процес. Тие застанаа во одбрана на нашите деца и иднината на образованието“, велат од Родителски Фронт, додавајќи дека ќе продолжат со активна борба за, како што велат, „зачувување на традиционалните вредности во образовниот систем“.

Од организацијата упатија и критика до осумте пратеници кои гласаа против измените.

„Изразуваме жалење што има политички чинители кои се залагаат за воведување родови политики во наставата. Во наредните денови ќе ги информираме граѓаните за нивните имиња и поврзаности“, стои во реакцијата на Родителски Фронт.

Со потпишувањето на овие закони, Претседателката Силјановска – Давкова уште еднаш ја потврди својата заложба за владеење на правото и примена на Уставот како врвна правна норма.