УАПСЕНО ЕДНО ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ – НАПАДНАЛ СТРУМИЧАНКА И ЈА ЗАТВОРИЛ ВО СВОЈОТ СТАН!

јануари 25, 2023

На 24.01.2023 во 20.15 часот на ул.„Брсјачка Буна“ во Скопје, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода И.А.(60) од Скопје. Тој се сомничи дека на 23.01.2023 во неговиот дом физички ја нападнал В.Р.(30) од Струмица, со која се познавал од порано, по што не ѝ дозволил да го напушти домот до 09.30 часот на 24.01.2023. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ