strumica denes logo

Уапсени две лица од Струмица – дома си растеле канабис!

Автор:

Датум:

октомври 20, 2023

Автор:

Датум:

октомври 20, 2023

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А.(36) и Н.А.(35), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопшти полицијата.

На 21.06.2023 во близина на Струмица, полициски службеници ги затекнале пријавените и до нив биле пронајдени повеќе стебла од растението канабис кои заедно ги засадиле и одгледувале. Исто така, кај второпријавениот била пронајдена и одземена марихуана.