Home

Perdormire
Спорт Струмица

Трет Меморијален меѓународен одбојкарски турнир во жени „Илија Караманов“ во Струмица!

Home

Во сабота, 10.09 започнува третиот Меморијален меѓународен одбојкарски турнир во жени „Илија Караманов“ во Струмица во организација на ОК Наковски волеј Струмица.

Првиот натпревар ќе биде помеѓу ОК Работнички Скопје и Скендербеу Албанија во сабота 10.09 со почеток во 16:30 часот во салата на СОУ „Димитар Влахов“ а во 19:00 часот во спортска и натпреварувачка атмосфера турнирот продолжува со натпреварот помеѓу струмичкиот тим ОК Наковски волеј и DRITA- Gnilanje од Косово.

Вториот ден од турнирот 11.09 (недела) во 11:00 часот ќе се игра за 3 то место а, во 13:00 часот најдобрите ќе се борат за престижно прво место на турнирот „Илија Караманов“

Со квалитетна одбојкарска игра и во спортски дух да му оддадеме уште еднаш почит на нашиот струмичанец поранешен одбојкар, тренер и професор Илија Караманов.

Очекуваме секоја екипа да покаже максимално добра игра а публиката да има повеќе моменти на уживање и спортско навивање.