Home

Perdormire
Култура Струмица

ТРАДИЦИЈАТА НЕ СМЕЕ ДА ЗГАСНЕ – ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИМА СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ!

Home

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

🥁Вековната струмичка традиција – Карневалот продолжува оваа година. Тоа е моја и желба на Организациониот одбор, а и на струмичани. Оваа традиција не смее да има долга пауза затоа што ќе ги демотивира карневалските групи за изработка на маски и учество во карневалското дефиле.

😷🦸‍♂️🦹‍♀️Но заради пандемијата во којашто се наоѓаме, карневалот ќе биде од локален карактер, а како гости ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кои најчесто доаѓаа на струмичкиот карневал и со кои имаме долгогодишна соработка.

🔑🍯Карневалските празнувања ќе започнат на 2 март со предавање на клучот од градот на карневалџиите, а ќе завршат на 9 март на празникот Тримери со тримерски ручек и враќање на истиот со почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.

🧑‍🎤💃🎻Во овие 8 денови ќе ги има традиционалните карневалски содржини, концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување на награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село – забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и Монографија по повод 30 – годишниот јубилеј.

Од срце за нашата вековна карневалска традиција❤️